Приведени крадци во кумановско, затекнати при обид да извршат кражба од воз

Од:

Вчера вечер, во 22.40 часот на граничен железнички премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ ги лишиле од слобода 34-годишниот Е.Ш. од село Романовце, кумановско и 47-годишниот Р.И. од село Псача, општина Ранковце, информира МВР.

– Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од меѓународен товарен воз, велат од МВР.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски