Приведени крадци од Пробиштип, затекнати на дело

Од:

Во 00.30 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода 31-годишниот Р.П. и 34-годишниот Д.С. од Пробиштип, извести МВР.

-Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип. При извршениот преглед кај Р.П. биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, соопшти МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он