Приведени крадци од Гевгелија, украденото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот

Од:

Вчера попладне, во 16.00 часот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода 27-годишниот Ј.А., 24-годишниот Б.Р. и еден малолетник, сите од Струмица, извести МВР.

– Тие се сомничат дека во текот на истиот ден извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од пумпна станица сопственост на АД Водостопанство на РСМ-подружница Јужен Вардар Гевгелија одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он