Приведени две од трите лица кои повредија малолетник на Рекорд

Од:

Полицијата ги идентификува тројцата учесници во инцидентот кои на 1 март на автобуската постојка Рекорд во центарот на Скопје му нанесоа убодна рана на З.Т.(17) од Скопје.

Како што информира директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски на денешната прес-конференција, утрово се приведени две од трите лица кои се учесници во настанот, а во моментот во СВР Скопје се преземаат мерки на документирање и целосно расчистување на случајот.

– Приведените лица во целост го признаваат ова дело и кон нив во текот на денот или во наредните денови ќе биде поднесена кривична пријава. Против третото лице СВР има распишано централен распис и по него се уште се трага, рече Велковски.

Двете приведени лица за настанот се среднокшколци во гимназијата „Цветан Димов“, а инцидентот се случил, како што рече Велковски, по вербална расправија при влегување и излегување од автобус број 57 за која истрагата треба да покаже за што била.

Велковски на новинарско прашање рече дека не станува за организиран настан како што сака да се прикаже во јавноста дека навивачката група „Шверцери“ стои позади овој инцидент. Утрово имале средба со претствници на клубот „Шкупи“ и „Шверцери“, кои негирале дека лицата се членови на нивната навивачка група.

Инаку, малолетникот е вон животна опасност. Во нападот што се случи на 1 март околу пладне на постојката Рекорд на малолентикот му беше нанесена убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски