Приведени две лица за кражби на автомобили и мотори

Од:

30 дена притвор заработија двајца скопјани З.Ф. (27) и С.Љ. (19) поради основано сомнение дека извршиле седум кривични дела од кои две „тешка кражба на моторни возила” и пет “одземање на моторно возило“.

Пријавените од почетокот на октомври минатата година до средината на април годинава одземале седум возила (од кои два мотоцикли), а три од возилата се уште не се пронајдени.

Првото од серијата кривични дела го извршиле на 06/07 октомври минатата година во 23:45 часот кога на улицата „Стив Наумов“, спроти ресторанот „Стара куќа“ извршиле одземање на патничко моторно возило „Порше Кајен“ со скопски регистарски таблички сопственост на Д.С. со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 6.000.000 денари.

Притоа, пријавените возилото го однеле до мостот Сарај на реката Вардар, каде го оставиле, а потоа по телефон му се јавиле на А.И. (20) од село Крушопек, скопско кому претходно му се заканиле по неговиот живот при што истиот дошол на мостот и сам го одвезол возилото во атарот на село Грчец во близина на селските гробишта каде и го оставил, а З.Ф. и С.Љ. го сокриле и сеуште не е достапно на органите на прогонот.

Потоа на 28 октомври 2012 година во времето од 09:00 до 12:30 часот., на ул. “Никола Парапунов“, спроти влезот на “Механика“, пријавените одзеле патничко моторно возило “БМВ Х-5“ со скопски регистарски таблички сопственост на С.Т. од Скопје, притоа стекнувајќи се со имотна корист од околу 4.100.000 денари. И во овој случај возилото го однеле до мостот Сарај на реката Вардар, каде го оставиле, потоа по телефон побарале од А.И. да го одвезе возилото во атарот на Грчец во близина на селските гробишта каде го оставил. Неколку дена по ова, поточно на 31 октомври З.Ф. и С.Љ. го однеле возилото на обиколница Скопје – Велес кај местото Радишани каде што возилото било забележано од вработен во фирмата на оштетениот, по што бил извршен увид и со потврда за вратени предмети било вратено на оштетениот.

На 2 ноември 2012 година околу 15:30 часот, З.Ф. и А.Љ. во село Матка извршиле тешка кражба на патничко моторно возило “Сузуки Гранд Витара“ скопски регистарски таблички сопственост на С.Х. искористувајќи го моментот кога сопственикот ја отворал гаражата за да паркира, а возилото било во погон со клучеви во бравата.

Притоа во возилото имало сообраќајна дозвола за возилото, патна исправа, лична карта, возачка дозвола, штедна книшка од Тутунска банка, сите на име на пријавителот, несесер со 5.700 евра и 45.000 денари со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.500.000 денари. Како и во претходните случаи возилото го оставиле кај мостот во Сарај а А.И.. го однел во близина на селските гробишта во Грчец. Пријавените го сокриле возилото и тоа сеуште не е достапно на органите на прогонот.

Потоа на 3 спроти 4 ноември во времето од 20:00 до 07:00 час. на ул. “Дрезденска“ одземале ПМВ “Опел Астра“ со скопски регистарски таблички сопственост на К.Ќ. со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 800.000 денари. И во овој случај постапиле исто како претходно а возилото сеуште не е достапно на органите на прогонот.

На 7 ноември околу 17:30 часот на ул. “Ѓорче Петров“ спроти аптеката „Зегин“ одземале ПМВ “Шевролет Авео“ со скопски регистаски таблички сопственост на С.М. од Скопје, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Одземењето го извршиле на тој начин што ја искористиле можноста додека паркираното возило било со клуч во бравата да влезат и да се упатат кон населбата “Ѓорче Петров 2“.

Таму на ист начин во соработка со А.И. го сокриле визилото. Истиот ден, оштетениот во времето од извршил неколку телефонски контакти со лица со цел пронаоѓање на одземеното возилото и околу 23:30 часот оштетениот си го „откупил“ возилото за 700 евра од две непознати лица. Наредниот ден во Полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека возилото го пронашол и со него бил извршен разговор во кој го појаснил начинот на кој си го повратил возилото.

Со потврда за привремено одземени предмети одземен е мобилниот апарат марка “Нокија Н96 70“, сопственост на оштетениот и врз основа на наредба на истражен судија од Основен Суд Скопје и било извршено исчитување на дата податоците кои се наоѓаат во предметниот мобилен апарат.

Од страна на МВР на РМ ЦПС ОКТ Скопје изготвена е фотодокументација од пристигнати и испратени СМС пораки од предметниот моб. апарат и врз основа на наредба од Истражен судија утврдено е дека сопственик на тој претплатнички број е А.Н. од Скопје, кој пак, според натамошната истрага стапил претходно во контакт со А.И. Во разговорот со А.Н. во Полициската станица Карпош тој појаснил дека со оштетениот се познавал од одамна и дека се обидел да му помогне, а други детали од настанот не знаел.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ