Приведени две лица, се обиделе да шверцуваат лекови преку граница

Од:

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север на 25.02.2023 во 19.15 часот, ги привеле Р.А.(64) од липковско Лојане и С.Р.(54) од Куманово.

Како што денеска соопштија од МВР, кај липковското село Злокуќане, при обид за илегален излез од Република Северна Македонија, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А., во кое сопатник бил С.Р., при што биле пронајдени и одземени 190 кутии со по 500 таблети „далерон“, без соодветна документација.

Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски