Двајца приведени, превезувале огревно дрво без документи

Од:

Вчера вечер околу 20.00 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода 25-годишниот М.А. од Скопје и 47-годишниот Н.Ќ. од село Страхојадица, скопско, извести МВР.

– Во возилото „фолксваген венто“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Претходно, на ул.„Сердарот“, откако ги забележале полициските службеници, двајцата го оставиле возилото и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени, соопшти МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ