Приведени две лица барани со потерница

Од:

Полициски службеници од ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, денеска, со судска наредба, ја привеле 30-годишната М.Д. од Скопје, известува МВР.

Таа била барана за издржување мерка притвор за извршено разбојништво по член 237 од Кривичниот законик. Со М.Д. бил приведен и 50-годишниот И.Б. од село Десово, прилепско, под сомнение за сторено кривично дело по чл.191 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, М.Д. ќе биде спроведена во надлежната казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР го најде малолетникот кој постави албанско знаме на полициско возило во Тетово

А1он

Полицијата подготвува соодветни поднесоци за тројца скопјани со знаме на „Голема Албанија“

А1он

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он