Приведени две лица барани со потерница

Од:

Полицијата минатата недела ги приведе Ејуп Б.(25) од Скопје кој е баран по наредба за бегство од КПУ Идризово – Скопје, каде бил на издржување казна затвор во траење од девет години и Исни Ј. (30) од Скопје, баран по наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје од 6 март оваа година за издржување казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело – “убиство“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Ејуп Б. е приведен од страна на припадниците на „алфите“ на 23-ти овој месец во 16 часот на булеварот “Југославија“. Кај него е пронајдено и огнено оружје – пиштол марка “Застава ТТ“ калибар 7,62 со рамка со пет куршуми што го поседувал без дозвола, по што е лишен од слобода, приведен и предаден во Полициската станица – Кисела Вода.

Приведениот на 3 февруари 2009 година на ул. „Кемал Сејфула“ со уште две непознати лица од патничко моторно возило „голф“ со автоматски пушки испукале неколку истрели во правец на патничкото моторно возисло „Ауди“ управувано од Н.Џ. (39) со намера да го лишат од живот со што сторил кривично дело – “убиство во обид“, а Н.Џ се здобил со тешки телесни повреди.

Од страна на припадници на единицата “алфа“ Исни Ј. е пронајден и приведен на 25-ти овој месец во 3 часот од неговиот дом во скопското село Паничари.

Тој е приведен и предаден во Полициската станица – Кисела Вода. Исни Ј. со уште едно лице Самир Ј. (28) на 19 април 2004 година во село Буковиќ удирајќи го со 15 удари од пиштол по главата го лишиле од живот лицето Земри С. (19) неколку месеци подоцна им подлегнал на повредите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет