Приведени двајца струмичани, нападнале вработени во угостителски објект

Од:

Утрово околу 06.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода 32-годишниот С.И. и 31-годишниот Р.И. и двајцата од Струмица.

Истиот ден околу 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во магацински простор на угостителски објект во Струмица С.И. извадил пиштол кој го вперил кон двајца од вработените и се обидел да го употреби, но истиот не испукал, а при обид да го репетира од страна на други присутни, пиштолот му бил одземен.

На настанот, според пријавеното, му претходело недоразбирање помеѓу Р.И. и дел од вработените, по што Р.И. си заминал од местото и по околу половина час повторно се вратил заедно со С.И. притоа Р.И. физички нападнал некои од вработените, а С.И. се обидел да го употреби пиштолот.

Од страна на полициски службеници од СВР Струмица на лице место бил пронајден и подигнат неиспукан куршум од пиштолот, а по одземање на пиштолот во рамката од истиот биле пронајдени уште 5 куршуми.

Лицата се задржани во Полициска сттаница Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци