Приведени двајца разбојници во Скопје, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Од:

Денеска во 01.05 часот по полноќ на булеварот „ВМРО“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар ги лишиле од слобода 42-годишниот С.М. и В.Т., двајцата од Скопје, извести МВР.

Тие се сомничат дека на 06.10.2022 околу 23.00 часот на бул.„Гоце Делчев“ физички ја нападнале А.Ц.(36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката, соопшти МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он