Приведени двајца разбојници од Скопје

Од:

Вчера полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 42-годишниот С.М. и 20-годишниот Е.М., двајцата од Скопје, извести МВР.

– Тие се сомничат дека претходно извршиле кривично дело „разбојништо“, при што од З.С.(19) од Скопје, одзеле пари. Притоа, кај С.М. биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот, соопшти МВР.

Двете лица се задржани во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ