Приведени двајца охриѓани, при претрес пронајдени дрога, пиштол и муниција

Од:

Полициски службеници привеле двајца охриѓани кај кого пронашле ќеса со семки од растението канабис сатива и две ќеси со кафеава прашкаста материја, информира МВР.

– На 18.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистички работи, Сектор за недозволена трговија на дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид беа лишени од слобода А.А.(47) и Т.А.(51), двајцата од Охрид, соопштува МВР.

При претрес извршен по судска наредба, во домот на А.А. биле пронајдeни и одземени една ќеса со семки од растението канабис сатива и две ќеси со кафеава прашкаста материја. Дополнително, во домот на Т.А. биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол марка „екол“ и пет гасни куршуми, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Предметите се предадени на вештачење, а по документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност