А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведени двајца криумчари, пронајдени девет мигранти од Сирија и Авганистан

by А1он20/10/2022 - 09:52154
Share0

Во текот на ноќта, на територијата на Република Северна Македонија, полициски службеници лишиле од слобода двајца странски државјани и пронашле девет лица мигранти од Сирија и Авганистан, извести МВР.

Добивај вести на вибер

– На 19.10.2022 во 19.20 часoт на регионален пат Дојран-Валандово, делница крстосница с.Фурка кон с.Дедели, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран и од Полициската станица Валандово, заедно со припадници на Армијата на РСМ, го лишиле од слобода И.Ш.(22) од Косово. При преглед во неговото возило „цитроен“, со косовски национални ознаки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, велат од МВР.

– На 20.10.2022 во 01.30 часот на автопат Гевгелија – Скопје, на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.А.(25) од Република Турција. При преглед во возилото „рено клио“ со српски национални ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, соопшти МВР.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а лицата криумчари биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

mvr

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто