А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведени двајца крадци, украденото вратено на сопственикот

by А1он08/01/2023 - 13:45302
Share0

Вчера полициски службеници од Полициска станица Центар и Бит Пазар во координација со Единица за интервентна полиција ги лишиле од слобода 31-годишниот И.И. и 36-годишниот С.А., двајцата од Скопје, извести МВР.

Добивај вести на вибер

– Имено, постапувајќи по пријава во 12.02 часот за извршено кривично дело „кражба“ на поголем број предмети од куќа, извршена во временскиот период од 09.00 часот на 05.01.2023 до 22.45 часот на 06.01.2023, преземени се оперативни мерки и активности, при што за кратко време на подрачјето на Бит Пазар во Скопје е пронајдено возилото „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, со кое е извршено кривичното дело, а кое го управувал И.И.. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го појаснил начинот и времето на извршување на кривичното дело, соопшти МВР.

Малку подоцна е приведен и С.А. кој, исто така, во службен разговор го појаснил времето и местото на извршеното кривично дело, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

По комплетно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик.

mvr

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто