Приведени двајца крадци, расчистени повеќе кривични дела извршени во радовишко

Од:

Вчера во 11.45 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Радовиш го лишиле од слобода 19-годишниот М.Ј. од Штип. Тој се сомничи дека во текот на 2022 година извршил повеќе кривични дела тешки кражби и кражби на подрачје на Радовиш, извести МВР.

– Истиот ден во 13.50 часот во Радовиш, полициски службеници го лишиле од слобода и Ч.Ш.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека му помагал на М.Ј. во вршење на делата, прикривајќи ги предметите кои М.Ј. ги одземал при вршење на делата, соопшти МВР.

Со двајцата биле извршени службени разговори во полициска станица, а биле пронајдени и предметите кои биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ