Приведени двајца крадци, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Од:

Денеска во 03.20 часот на паркинг простор на улица „Гемиџиска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба ги лишиле од слобода 25-годишниот С.С. и 21-годишниот М.П., двајцата од Скопје, извести МВР.

– Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба“ во правно лице во кое биле вработени, од каде одзеле две бакарни плочи со тежина од околу 200 кг.. Украдените предмети биле пронајдени и одземени од патничко моторно возило во кое осомничените претходно ги ставиле и ќе бидат вратени на сопственикот, соопшти МВР.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ