Приведени двајца измамници

Од:

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение криминалистички работи Гази Баба во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, вчера (31.08.) околу 14 часот на обиколница Скопје, во близина на клучка за Приштина, од слобода ги лишиле лицата А.М.(50) од с.Бојане-скопско и И.З.(46) од с.Копаница-скопско, а поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “измама“.

Истиот ден околу 9 часот, 55-годишно лице пријавило во ОВР Делчево дека извесно лице што се претставило како Д.Н., му се јавило на неговиот мобилен телефон нудејќи му да транспортира стока од Велес до Делчево за сума од 750 евра, но притоа да помине и во Кочани, каде што од лице од овој град требало да земе производи и да му остави 21.500 денари. 55-годишното лице, бидејќи имало информации за слични измами, сомневајќи се во понуденото, решило да го пријави случајот.

Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и во врска со измамата, на обиколница Скопје, кај клучката за Приштина приведени се А.М. (50) и И.З. (46), кој бил спречен откако се обидел да избега. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра