Приведени девет танчарки кои забавувале гости во локал во Тетово

Од:

Во акциска контрола во угостителски објект во Тетово ноќеска околу полноќ биле затекнати девет женски лица кои ги забавувале гостите, од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија и четири наши државјанки.

Акциската контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници.

– На 10/11.07.2021 година во времето од 23:50 до 01:00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ, информираат од МВР.

Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“