Приведени девет лица за синоќешните инциденти во Скопје

Од:

Полицијата приведе пет лица како можни сторители на трите кривични дела „насилство“ што се случија синоќа во Скопје во кои со повреди се здобиле пет лица.

Како што информира МВР, првото кривично дело се случило околу 18.45 часот на ул. „Македонија“, пред „Порта Македонија“, каде од засега две непознати лица физички биле нападнати новинар и снимател на електронскиот медиум А1-он, двајцата од Скопје, додека снимале прилог.

– Од страна на екипа на итна медицинска помош, оштетените се однесени во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ каде од страна на лекари им се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. На местото на настанот биле легитимирани 12 лица со кои дополнително ќе бидат извршени разговори.

Вториот инцидент се случил околу 19:10 часот на автобуската постојка пред Народна банка на Македонија, каде 17-годишно момче од с. Бразда било нападнато од група младинци на возраст од 16-18 години. Потоа истата група, физички нападнала уште шест други малолетници кои биле на автобуската постојка на возраст од 16 и 17 години при што едно 16-годишно лице од здобиените повреди во безсознание и со возило на Итна медицинска помош е однесен во клинички центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника. По констатираните телесни повреди момчето е задржано на Неврохирургија за понатамошно лекување.

Третиот ицидент се случил околу 19:20 часот во автобус на ЈСП бр. 58, кој се движел во насока кон Транспортниот центар. Според дадената изјава пред полициски службеници од возачот на автобусот добиена е информација дека во наведеното време, на автобуската постојка пред ТЦ „Веро Џамбо“, во автобусот влегла поголема група младинци на возраст од 16-18 години и откако автобусот почнал да се движи лицата физички нападнале 17-годишен малолетник од автобусот и искршиле едно стакло. Исто така, по настанот и уште едно 16-годишно лице е примено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Ургентната клиника, каде му се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, заедно со неговите родители настанот го пријавиле во Полициската станица од општа надлежност „Центар“.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки за расчистување на настаните при што поради нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство во Полициската станица од општа надлежност „Центар“ од страна на Единицата Алфа лишени од слобода и повикани се девет лица од кои пет лица на возраст од 14 до 18 години како можни сторители на насилството, а останатите во улога на сведоци на настаните.

Во присуство на родители и адвокати на можните сторители извршен е разговор, по што малолетните лица се пуштени додека едното полнолетно лице е задржано во станица.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски