Приведени четворица, по еден се трага за убиството во село Љуботен

Од:

Полицијата приведе четири лица, а по едно интензивно се трага во врска со вчерашното убиство на едно лице на возраст од 30 години што се случи околу 21:00 часот во село Љуботен.

Како што денеска соопшти МВР, синоќа околу 22,15 часот во ГОБ „Св.Наум Охридски“ – Скопје бил донесен Џеваир М.(30) од село Раштански пат при што од страна на лекар била констатирана смрт. По извршениот разговор со лицата кои го пренеле Џеваир М. во болница тие посочиле дека сторител на убиството е Т.Б.(21) од село Љуботен. Извршен е увид на местото на настанот при што биле пронајдени и подигнати за вештачење траги од крв и една чаура. На настанот му претходела расправија и физички напад во попладневните часови на кружниот тек во населба Бутел поради сообраќаен прекшок. Вечерта од страна на семејството на Т.Б. бил повикан Џеваир М. со цел да ги расчистат недоразбирањата. Кога Џеваир М. со својот брат А.М.(23) пристигнале на влезот во селото Љуботен од страна на семејството на Т.Б. биле повикани да дојдат до во близина на џамијата. Откако пристигнале на местото на настанот и започнале разговор со таткото и двајцата бра на Т.Б., истиот од нива во близина испукал еден куршум погодувајќи го Џеваир М.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он