Приведени четворица ловокрадци во Национален парк „Шар Планина“

Од:

Вчера, во 09.30 часот во Национален парк „Шар Планина“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача ги лишиле од слобода 59-годишниот А.Н. од село Градец, гостиварско, 55-годишниот Д.А., 36-годишниот Г.Б. и 18-годишниот Д.Р., тројцата од Италија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „незаконит лов“ казниво по член 228 од Кривичниот законик, извести МВР.

– При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели“ и 20 патрони муниција, а кај Г.Б. била пронајдена ловечка пушка „Бетинсоли“ и 21 патрони муниција, за кои не поседувале документи, соопшти МВР.

Лицата биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ