Приведени 18 девојки кои забавувале гости во локал во Боговиње

Од:

Синоќа од 22:20 часот до 01:00 часот по полноќ, полициски службеници од Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, општина Боговиње, сопственост на 30-годишниот жител на село Боговиње, информира Министерството за внатрешни работи.

– При контролата, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите (14 странски државјанки и четири македонски државјанки). За 11 странски државјанки (осум од Албанија, две од Косово и една од Украина) било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштува МВР.

Во СВР Тетово бил извршен разговор со сопственикот и ќе следува соодветна пријава. Од ДПИ, исто така, ќе бидат преземени мерки по член 206 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски