Приведени 12 странски и македонска државјанка во тетовски угостителски објект

Од:

Дванаесет странски државјанки и едно женско лице од нашата земја биле затекнати и приведени при акциска контрола што вчеравечер од 22 часот до 1 часот и 30 минути по полноќ  полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово  ја спровеле во угостителскиот објект „Енерџи клуб“ што се наоѓа на излезот од Тетово кон Сараќино и чиј  сопственик еТ.Џ.(45) од Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Затекнатите странски државјанки, по 5 од Србија и Албанија, 1 од Бугарија и 1 од Хрватска, на различна возраст од 18 до 31 година и кои биле вработени како танчарки,  како и сопственикот на објектот биле приведени  и задржани во Секторот за внатрешни работи Тетово по што биле преддадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, рече Јосифовски.

Тој посочи дека вчерашната акциска контрола е во рамки на постојаните активности на СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјанки кои непријавено престојуваат односно го злоупотребуваат туристичкиот престој и работат на подрачјето најчесто во угостителски објекти како пејачки, танчерки, келнерки и друг угостителски персонал.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он