СВР Скопје поднесе кривична пријава против 31-годишната Џ.К. од Скопје, осомничена за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.
Таа се сомничи дека го уценувала 59-годишниот Д.И. од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари.
– По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот, соопштија денеска од МВР.