Приведена припадничка на Армијата, барала 3.000 евра од кандидат за да биде примен

Од:

Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство вчера привеле припадничка на Армијата на Република Северна Македонија заради вршење на кривично дело поткуп.

-Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

Таа ги охрабри сите да ги пријавуваат ваквите случаи.

-Криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор, напиша Петровска.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Прегазено четиригодишно дете во Скопје

Катерина Ѓуровски

Пијан маж ја нападнал малолетната девојка со која живеел

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за сопственик на сместувачки капацитет во Делчево, во кој при пожар на 1 јануари имало 30 гости

Катерина Ѓуровски

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски