Приведен жител на Грчец баран со централна потерница

Од:

Денеска во 12.05 часот на улицата „Иљо Војвода“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и инспектори по потраги од ЕВР – Ѓорче Петров и ЕВР- Кисела Вода го лишиле од слобода 59-годишниот С.С. од село Грчец, Општина Сарај, извести МВР.

– За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 223 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава