Приведен жител на Боговиње откако со оружје се заканувал поради расправија во сообраќајот

Од:

Жител на Боговиње завршил во полициска станица лишен од слобода, откако претходно во денот со оружје се заканувал на човек од Радиовце со кого се расправале околу недоразбирање во сообраќајот. Настанот се случил на регионалниот пат од Пирок кон Боговиње.

– Околу 9 часот вчера на патот Пирок-Боговиње 61-годишниот Н.А. од Боговиње му се заканил со оружје на 46-годишниот Г.М. од тетовско Радиовце кој со своето возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки се движел по сообраќајната делница. На заканата претходела нивна расправија околу недоразбирања во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.

По пријавувањето на случајот околу 11 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 61-годишникот од Боговиње.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он