Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Од:

С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР, е приведен вчера бидејќи возел во спривен правец, а откако бил запен му се заканувал на полициски службеник.

– При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник, соопшти МВР.

С.Р. е приведен и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по што му се поднесени соодветни поднесоци по член 23, став 3, член 54, став 3 и член 86, став 8 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Член 15 став 2 од Законот за лична карта.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар