Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово поради непочитување на антиковид мерките

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово, сопственост на 37-годишниот тетовчанец С.Г.. При контролата било констатирано дека не биле почитуваните протоколите за работа на угостителските објекти, односно на масите имало повеќе гости од дозволеното, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштуваат од МВР, сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он