Синоќа во 23.30 часот во авто-камп во струшкото село Радожда, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода 24-годишниот А.А. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Од МВР денеска информираа дека тој бил приведен во полициската станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.