Приведен скопјанец во Штип, расчистени две тешки кражби

Од:

Полициски службеници од СВР Штип на 8 декември го лишиле од слобода 44-годишниот Н.К. од Скопје кој се барал со потерница поради постоење основи на сомнение дека сторил две тешки кражби на подрачјето на Општина Гази Баба.

– При контрола во возилото „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 4.960 евра, разновиден златен накит, два мобилни телефона, а исто така, било одземено и возилото. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР