Приведен скопјанец, се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 18:45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот В.М.(26).

Како што информираат од МВР, тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција.

-Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина