Денеска, во 10.45 часот на улицата „Димитрије Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 47-годишниот О.Г. од Скопје, извести МВР.
– Тој бил баран со централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.