А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведен скопјанец кој крадел во стан во Карпош

by А1он01/07/2015 - 13:0872
Share0

СВР Скопје приведе 28-годишен скопјанец и му поднесе кривична пријва за кражба. Се работи за лицето Б.A. кој во периодот меѓу 31 мај и 14 јуни во стан на ул. Јуриј Гагарин“ во Карпош извршил кражба стекнувајќи противправна имотна корист од околу  5.979.150 денари.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој го искористил познанството со ќерката на оштетените за да влезе во нивниот стан додека родителите биле на одмор. Знаејќи до кога ќе отсуствуваат, Б.А. подолго време престојувал во станот и често ја праќал нивната ќерка да му извршува обврски, за тој да остане сам и да пребарува во станот. Нашол чанта која ја отклучил со шрафцигер и од неа одзел поголемо количество златен накит. Одзел и камера,  фотоапарати, мобилен телефон, часовник и други предмети.

По наредба на судија од претходна постапка е извршен претрес во стан кој пријавениот го имал земено под закуп, каде биле пронајдени дел од украдените предмети. На оштетените им се вратени откако ги препознале бидејќи, наведува МВР, се работело за  уникатни златни  парчиња.

Б.А. бил во бегство, но на 29 јуни е пронајден и префрлен во затворот „Идризово“ за издржување казна затвор за претходно извршени кривични дела – измами.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пријавениот бил познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против правосудството, за што од СВР Скопје во периодот од 2003 до 2014 година му биле поднесени  15  кривични пријави.

mvr

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он15/10/2026 - 15:5315/10/2026 - 16:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео