Приведен скопјанец, изнудил 2.000.000 денари

Од:

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Изнуда“ казниво по член 258 од Кривичниот законик, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода 38-годишниот И.Ј. од Скопје.

Како што соопшти МВР, 38-годишниот маж е приведен вчера, во 11.10 часот на подрачје на Кисела Вода постапувајќи по пријава на 20.02.2023 во 19.00 часот од оштетено машко лице од Скопје дека во временскиот период од август 2022 година до 20.02.2023 пријавениот И.Ј. со закани во неколку наврати му изнудил 2.000.000 денари поради претходен долг на неговиот син.

Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски