Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 15:15 часот на улица „Бајрам Шабани“ во Скопје го лишиле од слобода 26-годишниот Ф.С. од Скопје.
Од МВР информираат дека лицето било барано по распишана централна потерница за издржување казна затвор од три години и дека ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.