Вчера во 10.35 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода 45-годишниот И.И. од Скопје, извести МВР.
Тој се сомничи дека на трети мај годинава извршил разбојништво во аптека на булевар „Партизански Одреди“, велат од МВР.
Против него биле обезбедени докази и тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
