Приведен разбојник во Кочани, следува кривична пријава

Од:

Денеска полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Т.Р. од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“, извести МВР.

– Имено, во 00.40 часот во ОВР Кочани З.Ш.(60) од Кочани пријави дека на 15.01.2023 околу 22.10 часот пред продажен објект во Кочани, Т.Р. со употреба на сила ѝ одзел торба со мобилен телефон, пари и други предмети. Во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани осомничениот е веднаш пронајден, приведен и задржан во просториите на ОВР Кочани, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ