Приведен разбојник, расчистени пет кривични дела

Од:

Полициски службеници во Полициска станица Карпош вчера лишиле од слобода 16-годишник, осомничен дека извршил повеќе разбојништва, тешка кражба, кражба на подрачјето на Скопје…

Како што денеска информираа од МВР, со лицето е извршен разговор, при што се расчистени вкупно пет кривични дела, и тоа разбојништво извршено на 27.11.2020 на ул.„Бахар Моис“, тешка кражба извршена на 09.07.2020 во приватна болница во Скопје, две кражби на предмети извршени на 21.10.2020 и на 07.09.2020 и одземање на моторно возило, извршено на 15.08.2020.

Во соопштението од МВР се наведува дека лицето е задржано во Полициска станица Карпош за документирање на настаните, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба