Приведен разбојник од Радовиш

Од:

Вчера во 10.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода 19-годишниот Д.Ј. од Радовиш, извести МВР.

– Тој се сомничи дека на 11.02.2023 околу 01.15 часот во Радовиш физички нападнал женско лице и се обидел да ѝ ја одземе чантата. Во службен разговор тој го признал делото, а при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, соопшти МВР.

Лицето било задржан во Полициската станица Радовиш, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он