А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведен препродавач на хероин во Скопје

by А1он10/12/2017 - 10:38120
Share0

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против И.С.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пријавениот И.С. неовластено, заради понатамошна препродажба, од засега непознато лице набавил и држел кај себе наркотична дрога хероин и смеса за зголемување на масата на хероинот. Пријавениот откако ги набавил хероинот и смесата за зголемување на масата на хероинот, ги чувал во својот дом, каде ги пакувал во помали полиетиленски паковки наменети за улична препродажба.

На 06.12.2017 година, по претходно добиени оперативни сознанија и издадена судска наредба за претрес на дом и други простории, од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи-Скопје бил извршен претрес во домот на И.С. каде биле пронајдени една кутија во која имало 13 помали и една поголема паковка со прашкаста материја, две стаклени тегли во кои имало кеси со прашкаста материја, една кутија со пет кесички со прашкаста материја, дигитална вага и држач за СИМ картичка со остатоци од прашкаста материја. Пронајдените предмети биле одземени и со наредба од Основното јавно обвинителство – Скопје биле предадени на вештачење.

По извршеното вештачење било утврдено дека пронајдената прашкаста материја од пет пакувања со вкупна нето маса од 43,15 грама е хероин, прашкастата метерија од стаклените тегли со вкупна нето маса од 498 грама претставува мешавина од кофеин и парацетамол, додека трагите пронајдени на дигиталната вага и држачот за сим картичка претставуваат остатоци од хероин. Пријавениот И.С. бил лишен од слобода и во просториите на Единицата за недозволена трговија бил извршен службен разговор, при што го појаснил начинот на купопродажба на наркотичната дрога.

Следете a1on на Youtube YouTube
skopje

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Горан Наумовски09/08/2026 - 16:13

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 21:38

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 19:15

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 15:55

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео