Од рекакцијата на Лајм тврдат дека на протестите бил уапсен нивен колега практикант.
„Уапсен е новинар (практикант) на весникот „Лајм“ Бесим Ибрахими, кој што излегол денеска за да известува од денешните протести во Скопје.
Тој не информираше по телефон дека се наоѓа во полициско комбе и дека го носат во некоја од полициските станици, но не успеа да ни каже за околностите и причините за кои е уапсен. Тој беше уапсен во 15:20 часот. Се обидовме да го добиеме повторно на телефон, но иако телефонот е функционален, не добивме одговор.
„Лајм“ бара од МВР и други надлежни органи веднаш да го ослободи нашиот колега Ибрахими, додека од ЗНМ бараме да реагира што е можно побрзо за случајот. Колегата Бесим Ибрахими од пред два месеца е ангажиран како практикант новинар во “Лајм”. Редакцијата на “Лајм” ќе ги преземе сите неопходни мерки за ослободување на колегата Ибрахими“, соопштуваат од „Лајм“.