Приведен малолетник од Битола, осомничен за сторени повеќе кривични дела

Од:

Вчера вечер во 22.00 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистчки работи Аеродром и Кисела Вода лишиле од слобода малолетник од Битола, поради сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела.

– Тој се сомничи дека на 20.06.2022 извршил „тешка кражба“ во пекарница на ул.„Мајски цвет“, при што одзел пари, на 17.09.2022 извршил „кражба“ во книжарница на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, при што одзел паричник, на 20.09.2022 одзел електричен тротинет на ул.„Никола Малешевски“ и на 22.09.2022 извршил две „кражби“ во продажен објект на ул.„Варшавска“, при што одзел два паричника, додека од приватна медицинска установа одзел ранец со пари и лични документи, соопшти МВР.

„Кај него бил пронајден тротинет, купен со пари кои потекнуваат од кривичните дела, картички од кражба во приватна лабораторија, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Со него бил затекнат и малолетникот А.О., кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот, а кој потоа бил вратен на старателот. За случајот бил известен Јавен обвинител, а малолетникот бил предаден на социјален работник од Центарот за социјални работи Битола. По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он