Приведен лихвар од Велес

Од:

Полициски службеници од СВР Велес, вчера околу 15:40 минути на ул.„Петре Прличко“ во Велес, го лишиле од слобода 44-годишниот велешанец А.С. поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Тој бил лишен од слобода при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април 2021 година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30 илјади денари, а му побарувал уште 90 илјади денари како камата, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на А.С. при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4 милиони денари).

Додевски информира дека лихварот е бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Штипјанец е осомничен за уцена и лихварство

Приведен лихвар од Тетово

Кривични пријави за штипски лихвари

А1он

Кривична пријава за полицаец од Свети Николе за лихварство

А1он