Приведен криумчар, пронајдени 10 мигранти

Од:

Денеска на крстосницата кај село Водоврати, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 21-годишниот Р.М од Скопје, затоа што со возило „aуди“ со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти, шест од Сирија и четири од Конго, извести МВР.

– Имено, околу 08.00 на автопатот Неготино – Велес Р.М. не застанал на даден знак за сопирање од полициски службеници, но набргу, кај клучка Градско, возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај с.Водоврати било запрено, а лицето приведено, соопшти МВР.

Р.М. бил задржано во полициска станица, а мигрантите бил спроведени во прифатно-транзитен центар. За случајот бил известен Јавен обвинител и по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ