Приведен криумчар од Србија, пронајдени мигранти

Од:

Вчера попладне, во 15.50 часот на регионален пат Демир Капија-Неготино, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионалниот центар за гранични работи Југ, го лишиле од слобода 24-годишниот С.М. од Република Србија, извести МВР.

– Во возилото „бмв“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и продолжил со движење со возилото. Набргу, со возилото излетал од патот и се дал во бегство, но по преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода, соопшти МВР.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас