Приведен криумчар на мигранти

Од:

Вчера вечер во 21.00 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода 49-годишниот М.Ш. од Скопје, известува МВР.

– При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти (две од Индија и три од Куба), соопшти МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Ш. бил приведен во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски