Приведен криумчар на мигранти

Од:

Oколу 1 часот по полноќ, на автопат „Пријателство“ во правец Демир Капија – Неготино, во близина на клучка Неготино полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности го лишиле од слобода 41-годишниот М.И. од село Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во кое превезувал осум лица илегални мигранти, седум од Авганистан и еден од Пакистан, извести МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он