Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 02:20 часот на улица „Ѓорче Петров”, го лишиле од слобода 22-годишниот С.Ш. од Скопје затоа што за него бил распишан централен распис поради постоење сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
– Подоцна во текот на денот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува, при што била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, кај него биле пронајдени и одземени и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.